Оние кои оделе во Театарот и младинци го паметат како Могли и Петар Пан, оние кои ги следеле епизодте од популарната во „Светот на бајките“ го паметат како црвенокосото момче кое беше како заштитен знак на интересните бајки кои се прикажуаа на Македонската радио телевизија. Тој е доказ дека не секогаш искуството е пресудно за добро сработена работа. Млад, но успешен. Бугарскиот режисер кој ја подготвуваше приказната за Могли во скопскиот детски театар вели дека ваков Могли немало и нема ни да има во ниту една земја каде ја работел претставата. Неговиот брат Зоран Маџиров пак се сеќава како како дете ги имитирал движењата на Пинк Пантер и ги забавувал сите. Тони Михајловски го памети својот колега по многу убави моменти… ја издвојува и нивната борба за преживување како студенти во големиот град – како црвенокосиот глумец му помагал за време на третата смена во драгсторот каде тони заработувал за студии… Тања и Предраг ќе ја паметат неговата тава со ориз, колешките не ги забораваат неговата педантност и неговата одлична кујна. Драган Довлев, сега директор на Театарот за деца и младинци се потсетува на многу интересни моменти со харизматичниот и шармантен актер… Тој не може да си опрости што не зборувал во последниот период од животот на детето со црвената коса… токму тој се потпишува како режисер на документарниот филм посветен на Игор Маџиров, „Интервју за „Игор Маџиров“, актерот чиј живот прерано згасна…
Посебен повод нема, едноставно не е потребен посебен повод да се потсетиме на животот на Игор Маџиров, детето кое го сакаа сите деца, затоа што секогаш знаеше да биде дете со нив, актерот кој го сакаа возрасните, колегата кој актерите го почитуваа… Или што би рекола Синоличка Трпкова: Игор Маџиров. Душа – памук! Црвена коса – оган! Маж – дете!
Игор Маџиров (детето со црвената коса) беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот” – нашиот кандидат за Оскар, но и по многу други улоги во Театарот за деца и младинци.

Во неговиот матичен театар, во периодот од 1993 до 2000 година Игор Маџиров глумеше во над 500 одиграни претстави, меѓу кои „Могли” -детето од џунглата, „Убавицата и Ѕверот”, „ Крале Марко”, „ Пуфи Паф”, „Спомени во ноќта”… Ако на тоа се придодадат уште толку во приватниот театар “Мира Лектира” ќе се стигне до импозантната бројка од 1.000 одиграни претстави за деца. На најмладите во ’90-тите Игор Маџиров им се претстави и во 9 светски познати бајки во продукција на МТВ, а во пет од нив ги одгигра главните улоги.

Со актерот Никола Ристановски
Последната претстава во неговиот живот беше „Убавицата и Ѕверот” која ја одигра осум часа пред неговата смрт.
Документарниот филм „Интервју за Игор” е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров. Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и семејството.
Животот на Маџиров заврши во 2000 година. Според истрагата се самоубил скокајќи од балкон. Многумина, меѓу кои и неговото семејство, се сомневаат дека не се работи за самоубиство…
Фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


