Штипско семејство било ограбено во грчкото летувалиште Неа Врасна, објавува „Канал 5“. Според телевизијата, крадците го олесниле апартманот среде ноќ, додека семејството спиело. Арамиите ги украле сите пари, а не ги ни допреле патните исправи и останатите вредни предмети.
Членовите на семејството раскажале дека до доцна во ноќта седеле на терасата од нивниот апартман со пријателите. За да фатат што повеќе сонце на плажа, спиеле само пет часа, но тоа им било доволно на крадците за да го опустошат апартманот. Семејството доживеало вистински шок кога се разбудило наредното утро.
Според „Канал 5“, во текот на истата ноќ биле ограбени уште неколку македонски и српски семејства, а од грчките насилници настрадале и повеќе автомобили со македонски регистарски таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Српската естрада на удар на крадци: По Саша Поповиќ, ограбен е Синан Сакиќ (видео)
-
Двајца Косовци на Суперкупот останале без неколку илјади евра, дозвола за оружје и многу картички
-
Туристите се враќале од Истанбул: Турската полиција го објави идентитетот на загинатиот
-
Овие налепници Грците ги лепат на македонските автомобили: Ознаката МК не ја признаваме



