Бразилскиот фудбалски интернационалец со ова би можел да биде првото засилување на Арсенал, по ангажирањето на 20-годишниот Французин Јаја Санго, кој на „Емирати“ пристигна од редовите на Оксер.
Со доаѓањето на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на позицијата тренер на баварскиот табор, на Густаво му било дадено до знаење дека нема да има премногу место во тимот за него, наспроти минатата сезона кога настапи на 36 натпревари.
Според наводите во островските медиуми, Баерн го прифатил предлогот на лондонскиот премиерлигаш, па сега на претставниците на англиската екипа им преостанува да постигнат договор и со менаџерот на Бразилецот.
Густаво отворено му кажал на извршниот директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге, дека не сака да седи на клупата за резервни играчи сезонава бидејќи има намера да се бори за позиција во националната селекција, која ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2014 година.
Поради тоа, се шпекулира и со преселба во составот на друг бундеслигаш Волфсбург, меѓутоа и за Баерн и за Густаво пореална и поповолна опција е кариерата да ја продолжи во англиската престолнина.
Момчето родено во Пиндамонхангаба во дресот на германскиот великан настапува од 2011 година, кога за околу 19 милиони евра замина од екипата на Хофенхајм.
За европскиот и германски првак Густаво има одиграно 64 натпревари и постигнато шест погодоци, додека во тимот на „Кариоките“ се нашол девет пати и досега не успеал да се запише во листата на стрелци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“