| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА: Албански екстремисти подготвуваат напади во Србија

Српски медиуми пренесуваат наводен извештај на ЦИА за Косовски екстремисти

 

 

Американската Централно известителна агенција (ЦИА) подготвила таен извештај според кој „албански екстремисти на Косово се подготвуваат за убиство на српски политички лидери“, пренесуваат српските медиуми.

 

Веста, која ја пренесуваат и албански медиуми, сѐ уште е на ниво на шпекулација затоа што не е потврдена од американски извори.

 

Во наводниот извештај на ЦИА, според белградските медиуми, кои се под влијание на српската тајна полиција, но и на руски капитал, стои дека екстремистички групи составени од поранешни припадници на УЧК финансирани од арапски извори подготвуваат повеќе напади на српски и претставници на меѓународната администрација на Косово.

 

„Најекстремната група албански екстремисти ги смета за непријатели и косовските Срби и Белград, но и Западот, на чело со Вашингтон и со Брисел. Тие сѐ повеќе се вртат кон муслимански фундаментализам и кон неверниците. Нема информации за тоа како тие дошле во контакт со лидери на Ал Каеда“, пишуваат српските медиуми кои се повикуваат на извештајот на ЦИА.

 

Екстремистите ја поддржуваат идејата за независно Косово во вистинска смисла, што не може да се случи без акција. Според извештајот, најрадикалните екстремисти се концентрирани во регионите на Скендерај, Вучитрн и Ѓаковица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top