Во среда на на нашиот најголем фудбалски стадион арената Филип Втори Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателска средба со соодветната репрезентација на Бугарија.
Селекторот на Македонија Чедомир Јаневски од сите повикани фудбалери единствено ќе го нема на располагање Александар Тодоровски кој неодамна заработи тешка повреда на ногата и ќе отсустува подолг период. Јаневски соопшти дека нема да повика дополнителен играч бидејќи има доволен број на квалитетни играчи за овој пријателски натпревар.
– Пријатескиот натпревар против Бугарија го сфаќаме исто како да е квалификацсики затоа што многу бргу во септември ни следт два меча од квалификацискиот циклус со Велс и Шкотска. Допрва следува борбата во групата за третата позиција која сите се сложуваме е многу важна и не е сеедно на која позиција во групата ќе ги завршиме квалификациите. Што се однесува до противникот, тој е многу квалитетен состав кој во последно време има одлични резултати. Сите сме сложни дека треба да постигнеме позитивен резултат во пресрет на квалификациските натпревари и задржување на позтивината атмосфера – изјави селекторот Чеде Јаневски на денешната прес конференција.
Капитенот Горан Пандев има одлични подготовки со својот клуб Наполи и постигнати неколку голови во пријателските мечеви.
-Бугарија е квалитетна репрезентација составена од одлични играчи кои повеќето играат во странство. Тоа е одличен противник за да можеме подобро да се подготвиме за следните квалификациски натпревари. Имавме проблем со реализацијата до сега иако подготвуваме одлични шанси. Сега е шансата тоа да се смени бидејќи имаме одлични напаѓачи кои постигнуваат погодоци за своите клубови низ Европа – додаде Горан Пандев капитенот на македонската фудбалска репрезетнација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“