Во реакцијата на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес- конференција на Жерновски, на која беше објавен извештај на Комисијата за утврдување на фактичката состојба со градењето споменици од „Скопје 2014“, партијата конференцијата на Жерновски ја оценува како груб обид за манипулација на јавноста преку користење воопштени фрази, политички квалификации чија употреба е поради дневнополитички причини и тие се употребуваат секогаш кога отсуствуваат фактите и аргументите.
„Ние, за разлика од Жерновски и неговата партиска комисија, аргументирано и со факти ќе дискутираме“, се вели во соопштението, во кое се објавени, како што се наведува, девет факти.
Факт број 1, според Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што до секоја општина секој може да поднесе иницијатива за поставување спомен-обележје од локално значење (државен орган, здружение, дури и физичко лице). Таа иницијатива мора да оди пред Советот на општината и се прифаќа или отфрла.
Под факт број 2 се наведува дека сите спомен-обележја се поставени на иницијатива на Министерството за култура, како спомен-обележја од локално значење.
Како факт број 3 се вели дека сите иницијативи се прифатени со одлука на Советот (избран на легитимни избори).
Факт број 4, според ВМРО-ДПМНЕ е самото прифаќање на иницијативата значи почнување постапка. Притоа се појаснува дека прво се формира одбор, па тој распишува конкурс за избор на споменик (кој е јавен и на кој секој автор може да се јави). Потоа се избира модел, па се потпишува договор со автор за изработка, па се објавува меѓународен тендер за леење во бронза и се поставува истиот.
Бидејќи сите се на иницијатива на Владата, таа носи легитимна одлука да ги плаќа истите. За тоа донесува одлука и префрла на Општината средствата на посебна сметка во општината од која може да се плаќа само за намената за која се префрлени парите (спомен-обележја и фонтани). Нема ништо спорно со одлуката бидејќи ја донело легитимно избрана влада, е фактот број 5.
Во факт број 6 стои дека за тоа дали се законски или не иницијативите кои се поднесени за подигнување на спомен-обележјата кои се усвоени на Совет на општина има две одлуки од Уставен суд. Едната за оценување на законитоста и уставноста на спомен-обележјата во 2009 година, другата за програмата за спомен-обележјата од 2010 година. Во два наврата Уставниот суд ја отфрлил и кажал дека нема ништо спорно во тоа. Значи, како може да има нешто што е незаконски ако Уставниот суд кажал дека сѐ е законски? Дали Слаѓана Тасева е над Уставот и законот?
Како факт број 7 се наведува тоа што околу постапките за набавка и изградба на спомен- обележјата и фонтаните, Државниот завод за ревизија има направено досега две ревизии, во 2008 и во 2009 година, и нема констатирано никаква неправилност во постапките.
Се споменува околу цената на изработка на две спомен-обележја каде Општината се приспособила на тогашните пазарни услови. Одлуките кои биле донесени не соодествувале со пазарните услови, јавните набавки кои биле во тек пропаднале заради тоа што пазарните услови (цените) тогаш биле значително повисоки и се донеле одлуки на повисок износ, се вели во фактот број 8.
И на крајот, под факт број 9 се прашува каде пишува дека Општината не може да гради пешачки мостови? Зар никаде и никогаш досега во Македонија ниту една општина нема изградено пешачки мост? Двата моста во Центар се изградени во целосно законски постапки со сите потребни мислења од Град Скопје и останатите надлежни институции и нема ништо спорно во тоа.
„Ова се фактите, а сѐ друго е гола политика“, се наведува на крајот од реакцијата на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)