Само неколку дена откако Македонската влада потпиша договор со кој земјава стана дел од гасоводот Јужен тек грчкиот премиер Андонис Самарас испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото испратено на крајот на јули, тој барал пониски цени на рускиот гас, увезуван во Грција. Предходно Путин ги намалил цените за други европски клиенти пренесува МИА.
Атина тврди дека купува руски гас за 30 проценти поскапо од просечното европско ниво. Намалувањето на енергетските трошоци се смета за клучно за засилување на компетитивноста на економијата на земјата.
Грчката гасна компанија ДЕПА неодамна побара од „Газпром“ намалување на цените, додава „Катимерини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.