Тодор Гечевски се враќа во репрезентацијата. Оваа радосна вест попладнето за „Република“ ја потврдија од КФМ.
По средбата, која денеска се одржала во просториите на Кошаркарската федерација, Гечевски прифатил да игра за македонскоата репрезентација на претстојното Европско првенство во Словенија.
Според директорот на репрезентациите, Илија Мерџановски, Гечевски ќе се приклучи на подготовките најдоцна до утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.