Централната власт финансирала најголем дел од спомениците и префрлала пари во општина Центар, а ниту еден закон не го одобрува тоа, затоа што само општините можеле да го прават тоа, а не да се финансира со пари од Владата. На тој начин дури 58 милиони евра се префрлени за спомениците од проектот „Скопје 2014“ – тврди Општина Центар.Оттаму додаваат:
– Бројни незаконитости се евидентирани во ревизијата која поранешните антикорупционери ја извршија во документацијата од проектот „Скопје 2014“ за да се утврди фактичката состојба во реализирањето на овој проект. Еден од контроверзните детали е самото финансирање на дел од спомениците од страна на централната власт, за што од буџетот биле префлени 58.023.986 милиони евра. Според законите, не е легално централната власт да финансира споменици, туку тие можат да се реализираат само од буџетот на локалната заедница или од донации.
Според Центар биле забележани злоупотреби на буџетските средства, реализацијата на „Скопје 2014“ била оставена без контрола, а општинските служби и одбори немале увид во овој проект. Членовите на Комисијата утврдиле дека имало голема дискрепанца во сумите кои се давани за реализација на спомениците, дека се пречекорени првите пресметки за вредноста на еден објект, а во случајот со споменикот на Никола Карев пред Собранието, кој е изработен во бронза, во документацијата пишувало дека е изработен од мермер и дека чини 45 милиони денари, што било многу над реалната вредност за еден таков споменик во бронза.
Најавија дека Скопје 2014 ќе се најде пред јавниот обвинител.
ВМРО-ДПМНЕ: Ако имаше незаконитости Жерновски ќе играше оро на чело со Црвенковски
-Оваа алиби прес-конференција базирана на полувистини, невистини и манипулации и поткрепена со општи и нејасни, пред сè, политички формулации без правна основа и тежина, за ВМРО-ДПМНЕ беше очекувана уште од првиот ден. Не само затоа што комисијата ја води нереализиран политичар како Слаѓана Тасева која е прва во македонската историја што се обиде, но не успеа да собере потписи за претседателски кандидат, ниту, пак, затоа што ова е само начин опозицијата да најде причина да им плати хонорари на Тасева и на Драган Малиновски и на општинска сметка да поминат половина година за нивните услуги во јавните настапи критички кон ВМРО-ДПМНЕ, туку, пред сè, затоа што сите проекти во општината се законски и транспарентни – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат:
-Од свои извори во општината дознале дека комисијата се изнамачила да формира заклучоци кој ќе звучат негативно за проектот, а притоа да нема да има можност оние кои ги искажуваат обвиненијата да бидат тужени за клевета. Затоа е прибегнато кон општи и чисто политички заклучоци и фрази, без правна поткрепеност. Како и да е, подготвени се и институциите и партијата и поединци кои работеа на проектот да одговараат поединечно за сите точки наведени на пресот, колку и да се тие општи и политички и тоа ќе го направат за кратко. Ако имаше нешто незаконско веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играа оро на чело со Бранко Црвенковски, а вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откога не најдоа ништо незаконски, излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот. Колку само апсурдна беше нивната прес-конференција покажуваат и целиот куп на гафови и глупости кои ги кажаа од типот дека „не смеело да се градат мостови“.
Тие ја повикаа Општината веднаш да поднесат пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)