СВР Тетово поднесе кривична пријава за А.Ш.(19) од село Мала Речица, Тетовско за сторени кривични дела грабнување во обид, недозволено изработување, држење или тргување со оружје и распрскувачки материи и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 7 минатиот месец околу 01.30 часот, во село Јажинце, пријавениот сретнал 16-годишна малолетничка со која претходно се познавал, а откако истата одбила да влезе во неговото возило, со закана со пиштол се обидел насилно да ја внесе во возилото.
Откако од страна на двајца случајни минувачи пријавениот бил спречен во намерата, истиот кон нив го вперил пиштолот, при што настанала физичка пресметка која била прекината од страна на полициски службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Малолетничка и нејзиното куче нападнати од пит бул – девојчето искасано, кучето умрело