| четврток, 6 декември 2018 |

Езел се правда: Не купував дрога, туку кикирики

По големата полициска акција во која беа уапсени многу познати и омилени актери од турските серии, дојде и првото: „Не сум виновен!“

Кенан Имирџиоглу, кај нас попознат како Езел од истоимената серија, тврди дека не купувал дрога од дилерот.

– Од осомничениот купував кајсии, ореви, кикиритки и други производи, но не и дрога. Главно тоа го нарачував од него на телефон – изјавува актерот.

Кенан додава дека бил корисник на дрога, но во минатото и дека сега нема никакви пороци.

Заедно со актерот беа уапсени и други славни имиња од Турција, кои купувале дрога, а беа фатени преку прислушување на телефоните на дилерите од кои ја набавувале дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top