| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Бабунски пред остварување на својот сон

Играчот на Б-тимот на големата Барселона, Давид Бабунски (19), преку „Твитер“ на своите фанови им најави дека заминува за Македонија за да го оствари својот сон, настап за националната селекција.

Со тоа паднаа во вода шпекулациите дека Давид калкулира со учество во националниот дрес за да може да настапи во шпанската репрезентација.

 

boban babunski1

 

Давид Бабунски, кој пред неколку недели скокна едно скалило и од јуниори стигна на само еден чекор до првиот тим на Барселона, е син на селекторот на македонската млада фудбалска репрезентација Бобан Бабунски, кој своевремено беше репрезентативец на Југославија, а играше и во Шпанија.

Неговиот брат Дориан (17) е дел од младинскиот состав на Реал Мадрид.

Првиот настап за А-селекцијата на Македонија Давид Бабунски ќе го има в среда против Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top