| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски ја откажа барокната гаража кај поранешна НИП „Нова Македонија“

NIP Nova Makedonija

Градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски се откажа од проектот на неговиот претходник Владимир Тодоровиќ, на просторот кај Нова Македонија да никне барокна седумкатница, за чија изградба беше предвидено да се потрошат 4 милиони евра.

Парите беа обезбедени преку кредит, кој општинарите нема да го подигнат, пишува „Вест“.

„Во овој момент граѓаните на Општина Центар имаат други приоритети како што се изградба на градинки, улици и зеленило, а не катната гаража.

– Општината нема да ги подигне средствата од кредитот, за што ќе разговараме со банката, како спогодбено да го прекинеме договорот”, велат од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски.

Од општина Центар не кажуваат дали ќе се врши измена на планот и дали оваа локација ќе добие маркичка со друга намена.

Изградбата на катната гаража кај „Нова Македонија” почна во февруари годинава. По поставување на камен темелникот, на терен ништо не се работеше.

Според проектот, катната гаража требаше да биде со површина од 8.432 метри квадратни, од кои 1.25о метри квадратни за деловен простор. Објектот требаше да биде со барокна фасада, на седум ката и едно ниво под земја

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top