Главниот и одговорен уредник на весникот Нова Македонија Зоран Димитровски го демантира Обвинителството и тврди дека весникот ги предал патарините кои ги пронајде неговата екипа на местото на несреќата каде загина Никола Младенов, пишува Нова ТВ.
На денешната конференција на Обвинителството и полицијата на новинарско прашање за пронајдените патарини од страна на новинари на весникот по завршениот увид, обвинителката Гордана Гешковска одговори дека патарините не биле никому предадени.
– Не, јас сакам да кажам такви сметки не се предадени ниту во судот ниту во обвинителство ниту во полиција, отсечно рече Гешковска.
Зоран Димитровски во моментов е на одмор надвор од земјава. Нова ТВ преку СМС порака го прашале дали и каде ги предале патарините. Димитровски во СМС порака одговорил:
– Патарините се предадени во полиција, а предавањето го имаме и на камера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Бојкотирам“ повика на самоодбрана: Ако ви ги блокираат автобусите на патарина, излезете и блокирајте ја патарината во двата правци!
-
Бундестагот даде зелено светло за законот за патарини за странците
-
Расказот „Шеќерен град“ на Оливера Ќорвезировска победник на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“
-
Гужва на патарините и граничните премини