Двајца браќа од селото Сенокосе, Гостиварско биле најдени во бессознание со повреди во пределот на главите. Тие биле пронајдени утрово околу 4 часот. Се работи за К.А. и Н.А. кои веднаш биле префрлени на Ургентниот центар во Скопје.
Според првичните сознанија на МВР, лицата облеани во крв и несвесна состојба, на локалниот пат Неготино Полошко – Сенокосе ги пронашол осумнаесетгодишник од селото Неготино Полошко, по што го пријавил случајот. Екипа на полициската станица Гостивар извршила увид и трага по напаѓачите чиј идентитет не е познат.
Најверојатно, браќата претходно имале расправија со други две лица во врска со наводновување на нивите, а според нефицијални извори напаѓачите по тепачката побегнале со возило во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


