| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, 45 рибари исчезнати – тајфун ги погоди Филипините

filipini1Силен тајфун ги погоди Филипините предзвикувајќи одрони на земјиштето и поплави. За исчезнати се водат 45 рибари кои биле на отворено море, а загинат е еден, јавува АП.

filipiniТајфунот Утор се смета за најсилен на глобално ниво годинава. Тој ја намалил брзината кога стигнал на северот на земјтата, но ветровите продолжиле да се движат со 140 километри на час. Најголема брзина, од 170 километри на час достигнале во средиштето на Филипините.

Најголема штета претрпел градот Касигуран во провинцијата Аурора. Одроните на земјиштето ги блокирале улиците. Во градот нема електрична енергија, а не функционираат ни комуникациските линии. Силниот ветер рушел сѐ пред себе, стебла, автомобили и куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top