| четврток, 6 декември 2018 |

„Мала“ грешка- изградиле 47 катница, заборавиле лифт

greska arhitektni Супермодерниот облакодер, кој требаше да стане симбол на Шпанија, стана цел за потсмев откако архитектите на двеста метри високата зграда во Бенидорм на крај сфатија дека заборавиле на една „ситница“ – не предвиделе лифт.

Зградата најпрво требало да има 20 ката, но тогаш инвеститорите се решиле двојно да го зголемат бројот на катови, па така, оттаму до врвот има само скали.

Надлежните ја увиделе грешката пред самиот крај поради што ја прекинале изградбата на последните осум ката.

Зградата, која требаше да биде готова во 2009 година, сега е пропадната инвестиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top