| четврток, 6 декември 2018 |

Обама на остров, Путин прави шоу, Меркел на планина

U.S. President Barack Obama meets with Russian President Putin in Los CabosПретседателот на САД, Барак Обама, летува на островот Мартас Винјард. Ова е неговиот избор секоја година. Живее во куќа со 6 спални, која чини 7,6 милиони долари, пишува весникот „Фигаро“. Сите соби на луксузната вила гледаат кон морето, а во пределите има и кошаркарско игралиште. Обама ќе биде на островот до 18 август.

Рускиот претседател, Владимир Путин, го претвори одморот во вистинско шоу. На крајот на јули го снимија на брод покрај премиерот Дмитриј Медведев, но и како плива во пустите области на Сибир. Медиумите објавија фотографија на која Путин држи штука која тежи 21 килограми што тој ја уловил. Заради неа, државниот врв стана предмет на шеги на интернет просторот низ светот.

364874_putin-reuters_f

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, нема да летува еднаш, туку реши да си даде четири одмори. На крајот на јули тој беше со своето семејство во Португалија, во мај ја одведе неговата жена на Ибица. Во август Камерон ќе одмора уште двапати во Корнвол и во Шкотска.

kameron

Иако парламентарните избори во Германија се приближуваат, Ангела Меркел не се откажа од одморот. Си дозволи 18 дена одмор, а поголем дел од слободните денови поминува во Сулден (италијанските Алпи) заедно со нејзиниот сопруг.

merkel 1

Во Шпанија премиерот Маријано Рахој ќе ужива во вила во својата родна Галиција во северниот дел на земјата. Имотот се изнајмува за 270 евра на ден и има три спални и базен, како и 3.200 квадратни метри убави градини. Таму Рахој ќе остане две недели со семејството.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја избра резиденцијата „Лантерн“ крај дворецот „Версај“ со базен и тениско игралиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top