| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешкиот премиер таен такси возач (видео)

Jens Stoltenberg  Norway  taxi   MattНорвешкиот премиер реши да го испита јавното мислење на еден поинаков начин. Јенс Столтенберг помина едно попладне возејќи такси низ Осло. Иако осум години не седнал зад волан,  облечен во униформа на таксист, со темни очила решил инкогнито да ги повози луѓето , за да види што тие мислат.

Идејата на премиерот била врз основа на тврдењето дека луѓето, односно гласачите, искрено комуницираат со таксистите, па сакал да ги слушне мислењата. Во возилото имало и скриена камера која ги снимала разговорите со патниците, на кои не им биле наплатени ни релациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top