| четврток, 6 декември 2018 |

Гошев или Пендаровски – СДСМ во дилема

Petar Goshev, governor of the National Bank of the Republic of Macedonia, speaks during an interview with Reuters in SkopjeСоцијалдмократите во неформални разговори не кријат дека идниот партиски кандидат за шеф на државата е можно да го бараат во поранешниот гувернер Петар Гошев (65) кој во минатото беше еден од клучните луѓе во СДСМ, но поради несогласувања со Бранко Црвенковски ја напушти партијата уште пред 20 години, објави Утрински весник.

Stevo-Pendarovski-slajder-740x320

Во потесниот круг е и Стево Пендаровски (50), поранешен претседател на Државната изборна комисија и советник на двајца поранешни претседатели Бранко Црвенковски и покојниот Борис Трајковски.
Извори од СДСМ тврдат дека кон средината на септември ќе прават потемелни анализи за тоа кој да биде нивниот фаворит, бидејќи дотогаш треба да заврши постапката за избор на нови раководства на 80 партиски општински организации.

Гошев и Пендаровски не даваат конкретен одговор на прашањето дали се гледаат во претседателската изборна трка во 2014 година.

– На оваа тема немам размислувано, ниту пак некој разговарал со мене за ова прашање – кусо изјави Гошев за „Утрински весник“ на прашањето дали има разговори за евентуална кандидатура и додава дека тоа можеби е во доменот на нечии размислувања. Сепак Гошев не тврди дека со завршувањето на гувернерскиот мандат дефинитивно се простил од политичката кариера.

Пендаровски, во кого социјалдемократите гледаат модерен кандидат, со големо искуство како советник на двајца претседатели и, како што велат, со добра комуникација со меѓународните претставници, не потврдува, но и не демантира дека неговото име може да се најде во изборната трка.
Според него, во Македонија, по последните локални избори се суспендирани клучните предуслови за нормален изборен процес.

-Се додека таа состојба не биде надмината, пред сè, преку конструктивен приод на власта, бидејќи и таа еден ден ќе биде опозиција, илузорно е кој било да помисли дека на какви било избори може да биде нешто повеќе од најобичен статист или набљудувач. Мојот личен став за евентуален професионален политички ангажман и’ е одамна познат на јавноста, меѓутоа, ретроградните политички процеси кои се случуваат последниве години во Македонија ме оддалечуваат од размислување во таа насока – вели Пендаровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top