| четврток, 6 декември 2018 |

Болт си ја поврати светската титула – триумф на 100 метри (видео)

boltНајбрзиот атлетичар на светот Усеин Болт од Јамајка ја поврати светската титула. Тој победи на трката на 100 метри на Светското првенство во Москва. По по дождливо време Болт патеката ја истрча 9.78 секунди што е најдобро негово време оваа година.

Среброто му припадна на Американецот Џастин Гетлин, кој имаше 9.85 секунди (најдобро негово време во 2013 година), а бронзата ја освои Неста Картер од Јамајка со време 9.95 секунди.

Болт не дозволи да се повтори ситуацијата од Светското првенство во Даегу 2011 година кога поради лош старт беше дисквалификуван. Болт во главниот град на Русија ќе се натпреварува и на 200 метри и во штафетата на 4х100 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top