| четврток, 6 декември 2018 |

Автобусот падна во провалија во Франција

avtobus

Минатата ноќ во близината на Фиту на југот од Франција се случи тешка автобуска несреќа во која животот го загубија две лица и трисетина се повредни, од кои три потешко.

Несреќата се случила околу 1 часот и 30 минути по полноќ, кога возачот на автобусот на компанијата Еуролајнс кој сообраќал на релацијата Марсеј- Мурсија (Шпанија) ја загубил контролата врз воланот и излетал од патот.
Во автобусот имало 44 лица од кои тројца возачи. Возачот кој управувал со автобусот е со негативен контролен тест за алкохол и изјавил дека ниту еден друг автомобил не бил вмешан во несреќата.
Возачот во првите изјави на истражните органи им рекол дека еден од патниците ја предизвикал несреќата, откако побарал автобусот да запре, по што го удрил управувачот. Но, други патници од автобусот ја оспориле оваа верзија на настанот. Засега не се дадени официјални причини за несреќата. Загинатите патници се еден француски и државјанин и една шпанска државјанка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top