Оргиналниот урбанистички план за Мал ринг во Скопјем кој е дело архитектот Мирослав Грчев, Влатко Коробар и Јасмина Силјаноска, предвидувал градба на многу повеќе објекти од тие што сега се градат.
Грчев, кој е член на Советот за култура на СДСМ и често се јавува како жесток критичар на објектите од проектот Скопје 2014, е всушност и човекот кој го усвоил овој план.
„Курир“ го објави предлогот на Грчев, Коробар и Силјаноска на конкурсот од 1997 година каде што учествуваа повеке урбанисти со свој предлог како да изгледа Малиот ринг и кои содржини да ги има.
Ова е цртежот од конкурсниот материјал на горенаведените победници. Потоа следуваше изработка на план каде што се преслика истиот овој цртеж, кој е и официјален документ.
Овој цртеж покажува дека Грчев и мнозинството на СДСМ во Општина Центар тогаш гласале план каде се предвидува градба на многу повеќе објекти од тие што сега се градат. Грчев, кој сега ги критикува објектите од Скопје 2014, самиот, како што се гледа од цртежот предвидел изградба на два нови моста, проширување на стоковната куќа „Мост“, плоштад со многу повеќе објекти и заобиколување со нови објекти на црквата „Свети Димитрија“, објекти на денешниот Музеј на ВМРО, Стариот театар, Зграда на МНР која речиси се спојува со денешното МНТ.
Со цртежот се предвидува многу повеќе објекти на местото на Македонската филхармонија, објекти кај денешен хотел „Јадран“, три нови згради на самиот плоштад, изградба на објект на локацијата каде сега се гради црквата „Св. Елена и Константин“, изградба на објект кај старата зграда на МНР и многу други.
Сите овие објекти ги обмислил и вцртал токму Грчев, а денес кога доаѓа до реализација на објекти од „Скопје 2014“, тој жестоко ги критикува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.