Искусниот италијнски фудбалски плејмејкер истакнува дека тоа ќе се случи само под еден услов, доколку и натаму остане меѓу клучните алки во „машинеријата“ на тренерот Антонио Конте.
Прило во 2011-та година во Торино дојде по долгата епизода на „Сан Сиро“, од екипата на големиот ривал Милан, а договорот со Јуве му истекува летото 2014-та.
„Секако дека планирам уште да играм, само ќе видиме каде. Веќе разговарав со клупските челници и ќе се сретнеме повторно на крајот на сезоната“, вели Италијанецот.
„Првата опција е да останам во Јувентус, меѓутоа не сакам да бидам товар. Годините минуваат, меѓутоа никаде не пишува дека морам да бидам дел од клубот, само затоа што се викам Андреа Пирло. Сакам да бидам важен дел од успешна екипа или ќе си одам“, додава организаторот на играта на шампионот во Серие А.
Тој нагласува дека финансиите нема да претставуваат проблем околу евентуалното продолжување на соработката.
„Ако во некој случај одлучам да го менувам клубот, веројатно ќе се решам за странство. Секако сакам уште да играм во некоја голема екипа“, објаснува репрезентативецот на „Аѕурите“.
Голем интерес за услугите на фудбалерот за врска на „Бјанконерите“ покажа Реал Мадрид.
„Разговарав со својот менаџер и со тренерот на мадридски Реал, Карло Анчелоти, со кој инаку сум во редовен контакт. Сепак, никој од Мадрид не ми испратил официјална покана“, заклучи Пирло.
Минатата сезона овој фудбалер во дресот на Јуве одигра 45 натпревари и постигна пет погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.