48-те часа кои Австралијката Стефани Банистер ги помина во политиката долго ќе се паметат. Имено, 27-годишната Стефани се натпреваруваше за седиште во Квинсленд за анти-имиграциската „Една нација“ партија.
Но, во нејзиното прво телевизиско интервју таа изјави дека нема ништо против „Исламот како земја”.
– Јас не се противам на Исламот како земја, Ум, но јас чувствувам дека нивните закони не треба да се добредојдени тука во Австралија – вели Банистер.
Таа додаде дека „само 2 проценти од Австралијците го следат харамот”, наместо Куранот. Харам е збор кој муслиманите го означуваат како нешто забрането или казнено.
Банистер изјави дека би ја забранила и халал храната, а на прашањето дали би требало да се забрани кошер храната која ја јадат Евреите, одговори дека Евреите не се под харамот, тие имаат своја религија која го следи Исус Христос.
Таа го најави своето повлекување од изборите во сабота.
– На начинот на кој канал Седум го измени моето интервју, јас сум претставена како сосема будала – рече Банистер во краткото соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)