| четврток, 6 декември 2018 |

Шест полицајци избркани, уште 248 пред отказ

Вкупни шест припадници на МВР од кои еден командир на полициска станица лани добиле отказ, а против 248 се води дисциплинска или кривична постапка што може исто така да заврши со отказ, се наведува во соопштението на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандрадди на МВР објавен попладнево.

Ова е осетно намалување во однос на 2011 кога отказ добиле 29 припадници на МВР. Лани имало вкупно 73 пријави против полицајци за прекумерна употреба на сила од кои Секторот ги прифатил само 4. Народниот правобранител поднел 32 поплаки против полициијата и на сите било одговорено. Од невладините организации најмногу поднесоци поднеле од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија вкупно 4, а два поднесока Транспаренси Интернешнел.

Секторот лани обработувал постапки против дури 1644 припадници на МВР, што безмалку е 10 отсто од целокупниот состав на МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top