| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрегас не сакал да си замине од Барса

Фабрегас пред две лета се врати во каталонскиот табор, од каде што и потекнува, по осум сезони минати во редовите на Арсенал.

Клучниот играч во дресот на „Топџиите“, не ја доби истата улога кај „блауграна“, каде што често мораше да ги менува позициите. Сепак, за две сезони настапи на речиси 100 мечеви за Барса.

„Ништо не се промени, среќен сум во Барселона. Мојот сон е да играм и да освојувам трофеи овде. Во ниеден момент не размислував за заминување“, изјави Фабрегас на конференцијата за новинарите во Куала Лумпур.

Неговиот тим во моментов е на предсезонска турнеја низ Азија, а Фабрегас не крие дека е почестен што е мета на големите фудбалски екипи.

„Секако дека ми годи кога некој голем клуб покажува желба да ме доведе, меѓутоа за овие две години не сум разговарал со никого“, додава шпанскиот фудбалски репрезеннтативец.

Тој воедно демантираше и дека изјавил оти бил незадоволен од минутажата и со улогата во таборот на Барселона.

„Разговарав со функционерите на клубот и со новиот тренер Мартино. Секој од нив ми даде до знаење дека сакам да останам. Исто така, не е точно дека сум барал нов договор“, истакнува Фабрегас.

Во претходните две сезони Шпанецот за Каталонците одигра вкупно 96 натпревари, постигна 29 погодоци, а имаше и 32 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top