| четврток, 6 декември 2018 |

САД за седум години ќе ѝ вратат на Германија 300 тони злато

На Америка ќе ѝ требаат дури седум години за да ѝ го врати златото на Германија

zlato-G500Управата за федерални резерви (ФЕД) извести дека за седум години на Германија ќе ѝ бидат вратени 300 тони злато од Америка.

Германија чуваше дел од своето злато во Њујорк и во Париз во текот на Студената војна поради безбедност од советска инвазија. Бундесбанк најави дека ќе пренесе околу 700 тони злато вредно 36 милијарди долари од Париз и од Њујорк во своите трезори во Франкфурт. Засега само една третина од 3,4 тони злато се наоѓаат во Франкфурт.

Странските медиуми коментираат зошто им е потребно толку време на САД да го вратат златото, кога од ФЕД тврделе дека Америка има 6. 720 тони злато во благајната, која е скриена 80 метри под земја.

Германија е втора по резерви на злато по САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top