| четврток, 6 декември 2018 |

И Ѓорческа оди понатаму во тениските натпревари

Лина Ѓорческа беше поуспешна од Анастасија Вдовенко (763.) од Молдавија со 6:4, 6:3

lina djorcevska

Лина Ѓорческа продолжи без загубен сет и во второто коло на собирот воАрад, каде што таа е бранител на титулата. Овој пат тетовката беше поуспешна од Анастасија Вдовенко (763.) од Молдавија со 6:4/6:3 и помина нешто потешко од првата рунда кога ја совлада нерангираната Барбара Котелесова од Словачка со 6:2/6:3.

Следен предизвик за Ѓорческа е борбата за влез во полуфинале против 17-годишната Романка Николета-Каталина Даскалу. Таа нема ВТА-ранкинг, а Ѓорческа е шеста носителка на турнирот и затоа реално е да очекуваме победа.

Томислав Јотовски го заврши натпреварувањето во Нови Сад во второто коло и тоа со убедлив пораз од Италијанецот Матео Фаго (687.), со 6:2/6:0. Јотовски ги крена надежите со големиот успех во првата рунда кога го победи првиот носител на турнирот, Србинот Иван Бјелица (389.), но очигледно немаше сили за повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top