Околу 700 килограми слонова коска се пронајдени кај препродавач во Африка. Емил Н’Буке, познат како „Шеф“, е обвинет за убиството на 10.000 слонови, а казната според тамошните закони е една година затвор. Се претпоставува дека трговецот на слонова коска од Того, слоновите ги убил во 70-тите години. Тој е уапсен е во својата продавница во Ломе.
Иако Того има само 50 диви слонови, станала клучна земја во извозот на материјалот од Африка. Цариниците во Хонг Конг во последните 3 седмици заплениле две големи количини на слонова коска кои биле испорачани од Того. Н’Буке тврдел дека имал посебна дозвола за тргување со слонова коска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


