Само еден ден откако го најави враќањето на Индијана Џонс, Харисон Форд уште еднаш ги изненади своите фанови. Тој ќе им се придружи на своите стари колеги во третото продолжение на популарниот акционен филм „Платеници 3“.
– Брус Вилис излезе, Харисон Форд влегува. Одлични вести. Едвај го чекав ова, напиша на својот Твитер профил Силвестер Сталоне.
Дека не биле само гласини дека нештата не се завршиле добро меѓу Брус Вилис и Силвестер Сталоне, зборува и неговата реченица „алчен и мрзелив, сигурна формула за пропаст на кариерата“, која му ја упати на Вилис.
Освен Харисон Форд, се слуша дека Николас Кејџ, Весли Снајпс, Џеки Чен и Мила Кововиќ ќе бидат дел од тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)
-
Со поткуп до укинување на екстерното
-
Дивите орди на СДСМ, платениците на СОРОС и екстремистите на БЕСА спроведоа уште еден чин од украинското сценарио: Кршеа и уништуваа сѐ пред себе (ФОТО+ВИДЕО)
-
Некогаш беше голем акционен херој, а денес е обичен дедо (фото)


