| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул оди во четврт-финалето на Ојпен

Македонецот Димитар Грабул освои уште еден тениски натпревар и доби виза за четврт-финале

grabul

Грабул направи огромно изненадување елиминирајќи го 355. на светот, Јаник Ројтер, во првата рунда, Димитар Грабул нареди и втора победа на Фјучрс турнирот во Ојпен.

 За влез во четврт-финалето, Македонецот го победи белгискиот тенисер Жулијан Дубел со 7:6/3:6/6:1. Ова е втора победа на Грабул во третиот меч против Дубел кој е 50 места подобро рангиран, на 605.

Во третиот круг нашиот прв рекет ќе се соочи, најверојатно, со шестиот носител, Алексеј Ватутин од Русија, 446. на АТП скалата. Тој не го доигра својот меч од второто коло, но пред да заврши натпреварувачкиот ден со 6:0 го доби првиот сет против Германецот Винер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top