| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо, тоа сум јас (видео)

ronaldoКристијано Роналдо покажа кој е кој постигнувајќи два погодоци за својот тим Реал Мадрид, кој го победи со 3:1 Челзи во финалето на International Champions Cup. Шпанците го надиграа противникот и заслужено го освоија турнирот.

Белите поведоа во 14-тата минута, кога по одличен самостоен пробив по левото крило Марсело биеше по земја и го совлада Петер Чех. Само три минути подоцна Рамирез беше изведен сам против Икер Касиљас и тој го изедначи резултатот.

Потоа дојде времето на Роналдо. Во желба да му покаже на поранешниот тренер Жозе Мурињо на што е способен, Португалецот постигна два погодоци во 31-та и 57-та минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top