| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарите на референдум одлучуваат за нуклеарките

Денеска преку референдум околу 6,5 милиони жители на Бугарија кои имаат право на глас ќе одлучуваат за иднината на нуклеарките во својата земја.

Прашањето за кое Бугарите се изјаснуваат гласи: „Треба ли атомската енергија во Бугарија и натаму да се развива со изградба на нова нуклеарка?“ На референдумот му претходеше повеќегодишна расправа за иднината на нукеарната енергија во земјата. Пред пристапувањето во ЕУ во 2007 година, Бугарија под притисок на Брисел одлучи да затвори четири од вкупно шест блокови во атомската централа Козлодуј на Дунав. Тие четири блока од советски тип се сметаа за застарени.

Дали резултатот од првиот референдум кој се одржува во Бугарија по падот на социјалистичкиот режим воопшто ќе биде важечки, уште е нејасно. Бугарскиот закон пропишува дека на референдумот не смее да учествува помал број граѓани отколку на последните парламентарни избори, а тоа во овој случај значи нужно излегување на барем 60 проценти од граѓаните со право на глас.

Актуелните испитувања на јавното мислење покажуваат поддршка за натамошната изградба на нуклеарки, но и дека на референдумот планира да излезе помал дел од потребниот од граѓаните. Ако тоа се случи, референдумот би пропаднал.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top