| четврток, 6 декември 2018 |

Даскал стана ренгенолог

Каде се...

daskal1Дејан Даскалов Даскал е човекот кој некогаш беше активен на македонската музичка сцена. Играј. Дажа Ву, Далеку си, За сите ноќи… ова е дел од музичката кариера на Даскал. Долги години се нема појавено со нов хит, или нов настап. Се запрашавме каде е Даскал? Тој денес работи на Радиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Специјализира за ренгенолог.

daskalПосветен е на медицинската кариера, но музиката ја нема целосно запоставено. И денес бил ангажиран околу создавање музика, но она што го прави не го објавува јавно. Не снима, не пее, не се појавува на јавни настани.

Се уште не стигнал до фаза да менува пелени. Нема деца, не е оженет…се уште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top