| четврток, 6 декември 2018 |

Кај нас изгор лето, во Германија град од 12 сантиметри (видео)

nevrijemenjemacka_liveleakНие се вариме на 40 степени, додека циклони ја зафатија северозападна Европа. Делови од Британскиот остров и Ирска имаат температири под 20 степени со постојани врнежи од дожд. Во Шкотска температурите  паѓаат и под 13 степени

Според „Крометео“ силно невреме проследено со град и ветер со брзина од 100 километри на час го погодил и брегот на Белгија . Обилните врнежи не ја заобиколиле ниту Германија, главно во источните и јужните делови од земјата. Берлин, Бранденбург, Бајерн, Хесен и Саксонија се покраините кои најмногу настрадале од невремето. Град со големина од 12 сантиметри оштетил повеќе покриви на објекти. Поплавени улици, отежнат железничкиот сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top