| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркари загубија од Хрватска

kosarkariМакедонските кошаркари загубија од Хрватска во вториот пријателски меч. Натпреварот што се одигра во Загреб, зад затворени врати, заврши со 72-67.  според официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација селекторот на нашиот тим им дал повеќе минутажа на „резервистите“ во ростерот.

-За разлика од првата средба играна вчера во Славонски Брод, денеска во Загреб се играше со многу повеќе ротации во тимот, а селекторот Алеш Пипан им даде многу посериозна шанса за резервните и помладите кошаркари, особено во второто полувреме. На крајот Хрватска победи со 72-67, но Пипан потенцираше дека е задоволен од посветеноста и пристапот на неговите кошаркари и на овој натпревар, во кој резултатот беше во втор план, зад испробувањето на различните тактички варијанти кои би можеле да бидат искористени повеќе во идниот период. Попладнево нашата репрезентација тргнува назад за Скопје каде ја очекува тридневен одмор, додека редовните тренинзи ќе ги продолжи на 11 август во СЦ „Борис Трајковски“. Следниот подготвителен натпревар за Евробаскетот нашата репрезентација ќе го игра во Скопје на 17 август кога противник ќе биде Литванија“, стои на официјалната интернет страница на Кошаркарската федерација на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top