Косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика Србите масовно да излезат на избори, што за него е нова можност и гаранција за изградба на заедничко Косово. Тој на денешната владина седница изјави дека „процесот за имплементација на Договорот од 19 април меѓу Косово и Србија, продолжува“.
-Во тек се нови средби на техничките и експертските екипи во Брисел, а при крај е и целиот процес за Интегрирано управување со границата, што подразбира и почеток за изградба на модерни објекти на шесте гранични премини меѓу двете земји. Како што е веќе познато, финансиските средства ги обезбеди Европската комисија. Се тоа е согласно претходно постигнатите договори – истакна Тачи.
Тој целосно верува дека локалните избори, кои се закажани за 3 ноември, ќе бидат фер, слободни и демократски, нагласувајќи дека било побарано од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон да испрати што поголем број набљудувачи кои ќе го следат процесот одблиску.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


