СДСМ ги потсетува премиерот Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски дека се должни на граѓаните да им ја соопштат информацијата со чиј потпис е соголен паркот кај Бристол. Очекуваме од премиерот да собере храброст и лично да ја објасни насилна сеча, во недела во три наутро, со полициска асистенција. Власта е таа што ја спроведе акцијата и ги вознемири граѓаните – велат од СДСМ.
На обвинувањата од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за превисоките кирии кои се плаќале од страна за просториите во кои е сместен Советот за радиодифузија, а чии сопственици се бизнис партнерите на пратеник од СДСМ, од партијата велат:
Наводните анализи на партиски агенции што треба да го оправдаат бруталното и арогантно спроведување на интересите и волјата на власта, наводните договори што ги покажуваат за кирии на Советот за радио дифузија, се дефокусирање од суштината, дека власта со сила ја покази волјата на народот. Оттаму, за СДСМ е разбирлива големата нервоза и паника кај ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ја повикаа владејачката партија и премиерот, да покажат почит кон јавноста која, како што потенцираа, била гласна во осудата, да излезат и да им објаснат на граѓаните зошто за барокна зграда жртвуваа Спомен парк.
-Најсовремени нови паркови, илјадници нови дрвја, нема да го вратат уништениот Спомен парк за жртвите од земјотресот. Премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку што можат да направат е да им се извинат на граѓаните. СДСМ не е против нова зграда за Советот за радио дифузија која што може да биде лоцирана во кој било друг дел од градот. Но СДСМ категорично се спротивставува на непочитување на историјата и на луксузирања во време на сиромаштија. Оправдувањата дека Советот за радиодифузија ќе добие своја зграда наместо да плаќа кирии или банализирањата дека биле пресечени “само“ 5 дрвја ја покажува несовесноста на ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


