| четврток, 6 декември 2018 |

Нови одобренија за станбен кредит „Купи куќа, купи стан“

Министерството за финансии денеска ќе додели одобренија на  нови корисници на субвенциониран станбен кредит во рамки на проектот „Купи куќа, купи стан“.

За година и пол, колку што се спреведува досега проектот,  110 граѓани добија субвенциониран станбен кредит.  Доделени се  640 илјади евра субвенции од Владата. Најмногу, 10.048 евра субвенции добиле граѓаните кои зеле субвенциониран станбен кредит во висина од 50 илјади евра, преку моделот „Половина рата“.

Каматите на субвенционираниот станбен кредит се фиксни за првите пет години и тоа 4,99 проценти за првите три години и 5,49 проценти за четвртата и петтата година.

Граѓаните преку објавени јавни повици од страна на Владата годинава можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 мај. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top