Каде ќе летуваат македонските политичари? Премиерот Никола Груевски сѐ уште нема одлучено кога и каде ќе оди на одмор. Претседателот Ѓорге Иванов традиционално летниот одмор со семјството го минува во вила „Биљана“ на охридското крајбрежје. Првиот парламентарец Трајко Вељаноски пак се разладува во Турција. Министрите Спиро Ристовски и Гордана Јанкуловска се сончаат на јадранското приморје. Министерот за здравство Никола Тодоров одмарал пет дена заедно со семејството, но не ја открива дестинацијата.
Првиот човек задолжен за домашната економија Ваљон Сарачини решил да штеди. Од министерските обврски ќе одмарал дома под клима. А неговиот колега задолжен за животна средина Адеми се сончал на турските плажи.
Пратениците Илија Димовски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат македонскиот туризам. Игор Ивановски и Јани Макрадули од СДСМ веќе се сончаат во Грција. Зоран Заев веќе го искористил одморот. Тој со семејството летуваше во Турција, а неговата заменичка Радмила Шеќеринска пак одмора во Грција.
Извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


