| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Белград: Водач на Гробарите му ја симна лентата од рака на капитенот на Партизан

milos-radisavljevic-kimi-i-marko-scepovic-foto-sasa-pavlic-1375827004-349445Скандал во Белград по испаѓањето на Партизан од квалификациите за Лигата на шампионите. Вториот пораз на „црно-белите“, овој пат и на домашен терен, од бугарски Лудогорец, беше премногу за најжестоките навивачи на српскиот шампион. Веднаш по последниот свиреж на судијата, еден од водачите на Гробарите, Милош Радисављевиќ Кими, ја прескокна заштитната ограда, му пријде на капитенот Марко Шчеповиќ и му ја симна капитенската лента од рака.

Иако е строго забрането симнување на навивачи од трибини на терен, засега нема никакви реакции од службените лица за овој инцидент.

Шчеповиќ, кој  е вел на навивачите поради недоволно залагање за тимот, ја доби капитенската лента по излегувањето од игра на Саша Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top