Во потесниот избор за најдобар фудбалер кој игра во Европа за сезоната 2012/2013 влегоа Аргентинецот Лионел Меси од шпанска Барселона, Португалецот Кристиано Роналдо од шпански Реал Мадрид и Французинот Франк Рибери од германски Баерн Минхен, објави денес УЕФА.
Тројцата наведени добиле најмногу гласови од новинарите во изборот во кој беа понудени десет имиња на фудбалери, а името на победникот ќе биде објавено на 29-ти август на свеченоста во Монте Карло.
Ова е трета година од доделувањето на најдобриот фудбалер во европските купови. Иницијативата за нејзиното воспоставување потекна од претседателот на УЕФА, поранешниот капитен на француската репрезентација, Мишел Платини. Досегашни добитници беа Лионел Меси за сезоната 2010/2011 и Андрес Иниеста за сезоната 2011/2012, и двајцата од Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меси доби трет син: Добредојде Чиро!
-
Тотална спротивност од Лионел: Братот на Меси уапсен синоќа, нелегално поседувал оружје
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела


