| четврток, 6 декември 2018 |

Четири типа карактери во канцеларија

Секој работодавач мора да знае како да се справи ефикасно со различните типови карактери на своите вработени

101747_1Во книгата „Personality style at work: the secret to working with (almost) anyone“ американскиот автор Кејт Ворд претставува модел, според кој, луѓето имаат “специфични, утврдени, стабилни карактери кои влијаат на нивното однесување.”

Ако менаџерите одредат на кој тип- карактер спаѓаат нивните вработени, тие ќе можат да ги разберат подобро, ќе знаат што да очекуваат од нив и како да комуницираат со нив.

Еве и кои се четирите типа на карактери канцеларија вработените:

1. Директен

Канцелариите на луѓето со директен карактер се затрупани со документи, иако тие веројатно се наредени на купчиња. Тие обично преферираат да учат независно и се повеќе подготвени да дејствуваат, така што може да изгледаат дека се нетрпеливи или им е досадно.

Овој тип зборува гласно, брзо и го презентира своето мислење како факт. Покрај тоа, овие луѓе не се добри слушатели, па ако треба да им се дадат инструкции, мора да бидете директни и недвосмислени при комуникацијата со нив.

Овие луѓе постојано чувствуваат дека треба да брзаат и имаат склоност да преземат избрзани одлуки.

2. Енергичен.

Енергичен човек обично има неуредно биро, со расфрлани хартии насекаде, заедно со списанија, формулари, книги и други работи. Овој тип на вработени сакаат да учат во групи .

Според Ворд, ако некој одбие да се вклучи во онлајн програма за самостојно учење, тоа е знак дека има енергичен карактер.

Луѓето со овој тип на карактер имаат склоност да преувеличават и да зборуваат многу. Тие се многу добри во започнувањето на нови проекти, но треба повеќе охрабрување за да завршуваат она што го почнале.

3. Внимателен

Овој тип има натрупано биро, но тие знаат секое едно нешто каде се наоѓа. Тие исто така може да имаат на бирото фотографии на смирувачки пејзажи, групни фотографии и други лични предмети на екранот.

Внимателниот  сакаат да учаи во групи, и не сака да започува да работи на нови проект само така, без подготовка.

Ако некој вработен покажува дека има потреба постојано да „биде држен за раката”, кога е вкучен во нов проект, тоа е знак дека е внимателно тип , вели Ворд.

Овој тип на луѓе зборуваат полека, тивко и со неволно го нудат сопственото мислење.

4. Систематски

Овој тип на луѓе обично имаат средени бироа на кои нема никакви непотребни документи, освен оние на кои работат во моментот.

Систематските луѓе сакаат да да размислуваат независно, може да се чувствуваат неподготвени да учествуваат во групни активности и се мотивирани да ги почитуваат крајните рокови.

Тие, исто така, имаат тенденција да користат конкретни термини и сакаат да споделат факти и податоци наместо сопственото мислење. Тие исто така учествуваат во ограничен број неважни разговори за пополнување на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top