| четврток, 6 декември 2018 |

Нов рекорд во Гинис: Пет дена живот под вода

nurkacЏери Хол влезе во Гинис откако помина пет дена под површината на водата во Саут Холстон, езеро во Бристол. Тој го собори  рекордот за најдолго нуркање во отворени слатки води од 2011 година што го држеше Алан Шерод. Рекордот кој Џери успешно го собори е 120 часа, 14 минути и 11 секунди.

nurkac1

Хол со помош на посебна опема редовно јадел и спиел. Во текот на сонот носел полна маска за случајно да не дојде до вдишување на вода, а храна носеле волонери од нуркачкиот клуб. При оброкот користел најобичен регулатор.

– Ја сечевме храната на мали парчиња, ја пакувавме во кесички и му ја носевме долу. Тој тогаш го вадеше регулаторот од уста, ја ставаше храната меѓу усните, ја исфрлаше водата и голташе – вели член на неговиот тим.

За побрзо да му мине времето, Хол гледал на подводен телевизор поврзан со ДВД плеер, слушал музика, играл игрички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top