Власта немаше тајно да донесе моторни пили, среде ноќ, со полициско обезбедување доколку беше убедена дека постапува исправно, велат од СДСМ барајќи одговори од власта во врска со сечата на дрвјата кај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје.
– Освен што не се почитува определбата на жителите на Центар, кои гласаа против политиките на оваа власт, во акцијата беа отстранети граѓани со влечење, по истиот принцип како во собраниските инциденти на 24 декември. Затоа Груевски треба да излезе и да каже пред македонската јавност дали на вакво пресметување со неистомислениците мислеше кога на Мечкин Камен предупреди дека секој обид за оспорување на нивните политики, ќе бил пресретнат. Дополнително, дрвјата се исечени во отсуство и на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во чиј ингеренции е давањето дозвола. Бараме надлежните органи да го покажат документот, со чиј потпис е соголен паркот кај „Бристол“ – се вели во соопштението од СДСМ.
СДСМ ги повика премиерот, градоначалникот и Владата да им ги дадат сите овие одговори на граѓаните, кои го очекуваат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


