| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори каде и како завршија 3 милиони евра кирија за СРД

iseceni-drvja-centar01„СДСМ треба да одговори како киријата од Советот за радиодифузија, платена со пари од граѓаните во износ од речиси 3 милиони евра за овие десетина години, завршувала во џебот на бизнис-партнерите на нивниот пратеник Ристо Тодоров. Овој човек беше човек од доверба на Бранко Црвенковски во време кога како директор ја спроведе приватизацијата и транзицијата на комбинатот „Анска Река“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Расправиите почнаа откако беа исечени дрвјата кај „Бристол“, на местото каде што треба да се гради новата зграда на СРД.

– Како пет дрвја се побитни од судбините на граѓаните? СДСМ толку не се загрижи за името, за илјадниците што ги остави без работа, за криминалната транзиција и приватизација, а се загрижи за пет дрвја нарекувајќи го нивното сечење брутална сеча. Ако сечењето пет дрвја е брутална сеча, тогаш криминалот со кириите од времето на Бранко Црвенковски, како и криминалната приватизација, е масакар врз човештвото. Ова е веќевидено сценарио на СДСМ, кое треба да кулминира со нереди, сценарио кое следи само три месеци откако катастрофално загубија на изборите. Очигледно, Бранко Црвенковски не ја сфати пораката од граѓаните пред три месеци – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека е очигледно дека нивниот интерес е парите од Буџетот да завршуваат во приватни џебови на нивните функционери.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението прашува зошто тогаш СДСМ и нивниот коалициска партнер Андреј Жерновски ги примија 10-те милиони денари за комуналии кои ги уплати инвеститорот на објектот кај „Бристол“.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ преку институциите организираше масовно пошумување во државата, при што беа заседни околу 40 милиони дрва, СДСМ се потсмеваше на ваквите акции. Кога ВМРО-ДПМНЕ градеше булевари и набавуваше еколошки автобуси, СДСМ неоправдано кртитукуваше“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top