| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно македонско возило се врати без таблички од Грција

vozilo grcija3 Уште едно македонско семејство се врати со оштетено возило, односно со украдени таблички по викенд поминат во Грција, соопшти МВР.

Вчера на граничниот премин „Богородица“, скопјанецот Г.Ј. со „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки пријавил дека во туристичкото место Полигирос му биле украдени табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција се евидентирани вкупно 40 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 40-те оштетувања што ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти, каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила, бројката на вакви настани сега нарасна на 7 случаи.

Од вкупниот број случаи – 25 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Деветнаесет од македонските граѓани што пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top