На турнирот во Еупен, Белгија, Грабул во 1. коло попладнево ќе игра против домашниот тенисер Јаник Ројтер (2. носител). Ројтер се наоѓа на 291. место на АТП, а Грабул успеа да го победи пред еден месец на турнирот во Авр со 2:1 во сетови.Томислав Јотовски на фјучрсот во Нови Сад „налета“ на првиот носител Иван Бјелица од Србија, кој е на 389. место.
Настап на турнир во Арад, Романија ќе има и Лина Ѓорческа. Таа е рангирана како носител број 6 и во 1. коло ќе настапи против квалификантката од Словачка, 17-годишната Барбара Котелесова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



