| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер се откажува од купување на Фабрегас

Андони Зубизарета изјави дека премиерлигашкиот првак Манчестер јунајтед се откажува од обидот да го ангажира Цеск Фабрегас

-cesc-fabregas-9889357-542-506

„Црвените ѓаволи“ својата последна понуда во износ од 40 милиони евра за услугите на некогашниот капитен на Арсенал ја испратија кон крајот на минатиот месец.

– Сметаме на Цеск и воодушевени сме што го имаме во нашиот тим. Челниците на Јунајтед ни соопштија дека ја разбираат нашата одлука и оти веќе нема да се обидуваат да го купат – вели Зубизарета.

Оваа вест би можела да значи дека новиот менаџер на клубот од „Олд трафорд“, Дејвид Мојес, планира да се посвети на доведувањето на Маруан Фелаини, со кој претходните години одлично соработуваше во таборот на Евертон.

Претходно, имаше неколку назнаки дека шпанскиот репрезентативец ќе остане на „Ноу Камп“ откако самиот побара гаранции од Каталонците дека ќе има стандардно место во првиот состав, а набргу потоа и неговиот поранешен предводник Арсен Венгер прогнозирше дека нема да ја напушти Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top